Охрид и С.Р.Ц. Билјанини Извори би требало да бидат домаќин на завршниот турнир во ракометниот Куп кај мажите и жените.
Во периодот од 11-13.мај треба да се одржи Ф4 турнирот во Купот, во машка и женска конкуренција. Во машкиот дел, учесници на завршниот турнир се екипите на Вардар, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Пролет, додека во женскиот дел, покрај Вардар ќе се натпреваруваат уште и екипите на Ѓорче Петров, Металург и Куманово.