Супер лигата за одпочна Вардар на првиот меч го прегази РК Прилеп во С.Ц Јане Сандански , но доаѓа следниот и најголемиот предизвик и тоа е Полскиот Киелце во Скопје на Велика Сабота.
Затоа обврските во домашната ракометна лига се одложени . И тоа мечевите од второто и третото коло со тимовите на Тинекс Пролет и на Струмички Зомимак ќе имаат нов термин на одигрување. Мечот претходно со Струмичани беше закажан за четврток ,а со РК Пролет за викендов . Сепак сите сили на црвено-црниот ракометен колектив се насочени на Лигата на Шампионите , со добра игра пеколна атмосфера во салата се надеваме на пласман на Ф4 во Келн.