Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар изби на 2.место, дербито за Киелце, додека Кил продолжи со победите во најсилната група Б
Вардар изби на 2.место, дербито за Киелце, додека Кил продолжи со победите во најсилната група Б

Вардар изби на 2.место, дербито за Киелце, додека Кил продолжи со победите во најсилната група Б

Вардар се врати на победите, Киелце го доби дербито, додека Кил продолжува со победи во најсилната група Б од Лигата на Шампионите. Изминатиов викенд се одигра 6.коло во кое победи забележија екипите на Вардар, Киелце и Кил, додека Порто и Монпелје ги поделија бодовите.

Вардар ја прекина серијата од два порази и пред своите навивачи го победи тимот на Брест Мешков (36:31). Вардар имаше постојана предност и контрола на резултатот и на крајот заслужено ги освои бодовите. Извештај од мечот можете да прочитате на линкот, ТУКА.

Дербито во групата се играше во Полска, каде Килце успеа минимално да го победи тимот на Веспрем (34:33). Во првото полувреме гледавме израмнета игра, период во кој ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола. Имаше дури 14 израмнувања, домашниот тим во еден момент имаше позитива и од два гола, додека Веспрем немаше поголемо водство од еден гол. На полувреме исто така резултатот беше израмнет на 17:17.

75354845_3067622169919755_8263331547801714688_n

 На стартот на вториот дел, шампионот на Унгарија поведе со 17:18, но следеше серија на Киелце од 3:0, со која поведе со 20:18. Избраниците на Душебаев стигнаа и до највисоки четири гола разлика (23:19), а истава позитива ја имаа и на средината од второто полувреме кога резултатот беше 28:24. Сепак, гостинскиот тим се врати во игра и со серија на погодоци успева да го израмни резултатот на 29:29. Киелце го имаше расположениот Алекс Душебаев кој постигна двоцифрен број на постигнати голови, домаќинот се одлепи пред крајот на 33:30, а до крајот Веспрем намали на само еден гол, што не беше доволно за да се избегне поразот.

 Интересен натпревар одиграа екипите на Порто и Монпелје кој на крајот заврши со поделба на бодовите (23:23). Откако домашниот тим го отвори резултатот следеше серија на Монпелје со која се одлепи на водство од 1:5. Сепак португалците не дозволија рано да се реши мечот, па со вратија на ист начин и израмнија на 6:6. До крајот на првото полувреме гледавме игра гол за гол, после истекот на првите 30 минути, резултатот на семафорот беше 11:10.

Во вториот дел видовме 13 израмнувања на овој дуел, Порто беше многу поблиску до триумфот, кога имаше водство од еден гол на 15 секунди пред крајот и напад. Сепак Монпелје одзема топка, тоа беше португалецот Дуарте кој погоди на пет секунди пред крајот во контра напад, за конечни 23:23.

Кил стигна и до петтата победа во групата, со која се зацврсти на првото место. Уште една гостинска победа за избраниците на Филип Јиха, кои го победија Мотор со резултат 27:30. Кил ја имаше првата поосетна предност кога резултатот беше 5:8, но украинскиот тим направи серија и израмни на 8:8. Екипата од бундеслигата повторно го врати водството и на одмор замина со позитива од два гола (13:15).

Во текот на вторите 30 минути, Кил беше постојано во предност, која достигна и до шест голови (20:26). Кога се мислеше дека „зебрите“ лесно ќе стигнат до нова победа, Мотор Запорожје направи голема серија од 5:0 и се доближи на само еден гол негатива (25:26). Сепак Кил не дозволи изненадување, поведе со 26:29 и до крајот ја сочува оваа позитива.

После одигрување на 6.коло, Вардар изби на второто место во групата, вака изгледа табелата во групата Б:

1. Кил  11

2. Вардар  8

3. Киелце  7

4. Монпелје  7

5. Веспрем  6

6. Порто  6

7. Брест Мешков  2

8. Мотор Запорожје  1