Додека во други земји, веќе се одлучија за прекин на првенствата, а со тоа и се прогласија новите ракометни шампиони, во Македонија денес од официјалната страна на ракометната федерација изглегоа со следново соопштение:
Почитувани,
Ве известуваме дека Раководството на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории.
Одлуката е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19.
Ракометната Федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија