Денес и официјално беше отворен новиот спортски центар Јане Сандански,каде ќе настапуваат ракометните екипи на Вардар и кошаркарскиот клуб Мзт Скопје.На свеченото отварање присуствуваа главниот инвеститор и сопственик на Вардар,господинот Сергеј Самсоненко,потоа Гордана Нацева,премиерот на Република Македонија Никола Груевски,градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и др.
Во рамки на С.Ц Јане Сандански има голема централна сала со капацитет од 6.500 гледачи,помошна спортска сала со димензии за кошаркарско и ракометно игралиште за 1.000 посетители, и конгресен центар за пресконференции направен според меѓународни стандарди.Ќе има и четири тениски игралишта според стандардите на АТП И ВТА,потоа и фитнес центар со простор од 500 м2,мултифункционален простор за тренинзи и аеробик.Во склоп на спортскиот центар,во употреба е пуштен и хотелот Русија кој ќе има 61 соба и еден претседателски апартман.Спортскиот центар Јане Сандански се изгради за 16 месеци,на кои работеа повеќе од 1 600 работници.
27.08.2014