Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Рк Вардар ги запали моторите за новата сезона. (ФОТО).
Рк Вардар ги запали моторите за новата сезона. (ФОТО).

Рк Вардар ги запали моторите за новата сезона. (ФОТО).

Екипата на Рк Вардар го одржа својот тренинг во С.Ц.Борис Трајковски,и го означи почетокот на подготовките за новата сезона,во која Вардар повторно ќе се натпреварува на четири фронта.На првиот тренинг беа присутни три од четирите нови засилувања :Голманската икона Арпад Штербик,Хрватската легенда Блаженко Лацковиќ, и рускиот бомбардер Сергеј Горбок,а единствено кој недостатсуваше поради настинка беше рускиот репрезентативец Данил Шишкарев.Првиот собир помина во релаксирана и пријатна атмосфера под водство на секогаш мирниот Раул Гонзалес.Во салата беа присутни околу 50 фанови,кои дојдоа да ги погледнат новите имиња во екипата.

Клубот во Скопје ќе тренира три дена,а на 31-ви јули заминува на подготовки во Крањска Гора кои ќе трааат до 9 август.На летните подготовки Вардар ќе учествува на два турнира,оној во Струга и на Кањижа куп во Србија.

Нова вест во Вардар е и враќањето на терен на долго повредениот Алексеј Растворцев,како и новиот кондиционен тренер Даниел Јуришиќ,кој дојде од Жрк Вардар СЦБТ во кој замина Њаради,минатогодишниот кондиционен тренер на Рк Вардар.

28.07.2014

 

Leave a Reply