Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Мицевска:Резултатот мора секогаш да биде на високо ниво,бидејќи според истиот се мери успехот на екипата.
Јована Мицевска:Резултатот мора секогаш да биде на високо ниво,бидејќи според истиот се мери успехот на екипата.

Јована Мицевска:Резултатот мора секогаш да биде на високо ниво,бидејќи според истиот се мери успехот на екипата.

Кадетките на Жрк Вардар учествуваа на силен турнир “Трофеј Белград“ каде го освоија десетото место.

  • Резултати во група:

Вардар – Добој 11:14

Вардар – Белград Јуниор 14:16

Вардар – Авала 12:19

  • Натпревар за пласман:

Вардар – Сингелиќ 22:3

Раднички – Вардар 9:23

Една појасна слика за настапот на овој турнир кој се одигра кај нашиот северен сосед  , ни даде младата ракометарка на Жрк Вардар  Јована Мицевска која настапува на позицијата голман.

Какви се целокупните впецатоци од турнирот во Белград ?

-Турнирот во Белград беше организиран на многу високо ниво.Ми беше огромно задоволство да учествувам на ваков турнир,бидејќи на истиот настапуваа многу квалитетни екипи со кои беше задоволство да се натпреварува.Впечатоците нормално се многу позитивни,не само поради добрата организација на турнирот и одличните екипи што настапуваа,туку и поради тоа што ни овозможи да го надградиме своето знаење за ракометот.Сето ова ни покажа колку се важни ваквите настапи за подобрување на квалитетот и играта на една екипа.

Колку сте задоволни од постигнатите резултати ?

-Сметам дека секогаш може подобро,така што во иднина ќе се трудиме да бидеме подобри и да го оправдаме нашиот труд што го вложуваме на тренинзите.Како тим секогаш се трудиме да го дадеме најдоброто од себе,па се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобри резултати.Резултатот секогаш мора да биде на високо ниво,бидејќи според истиот се мери и успехот на екипата.Сметам дека можеме многу подобро.

Колку беа гостопримливи домаќините ?

-Ова е прв пат да одиме на турнир во Белград,па крајниот впечаток е дека домаќините беа многу гостопримливи,љубезни и ни овозможија да уживаме во секој дел од времето поминато таму.Се надевам дека во иднина ќе следат уште многу вакви собир во Белград.Сигурна сум дека со задоволство би учествувале на истите,бидејќи домаќините покажаа што е добра организација,љубезност и желба за фер плеј.

Колку ваквите настапи имаат значење за вас како екипа ?

-Секој турнир е големо искуство за секој играч.Мора да го надградуваме искуството,па турнирите од ваков тип се најдобра основа за тоа.Како млади играчи за нас,најпозитивна работа е што преку вакви натпревари ја осеќаме големината на овој спорт и одговорностите кои ги носи истиот.Научивме што е добра игра,а најмногу од се научивме дека борбата заедно со примена на она што го вежбаме на тренинзите е клучната работа за успех.Овој турнир е секако позитивно искуство за мене и моите соиграчи,бидејќи ни овозможи да го надградиме своето искуство и да ја покажеме својата борбеност на теренот.

Дали имаше дружење и пријателства со ракометарки од други екипи ?

-Дружењето со ракометарки од останатите клубови е посебно задоволство бидејќи ни овозможува стекнување на нови пријателства.Ни овозможува да учиме од другите и да го почитуваме противникот на терен,а исто така и  надвор од теренот,бидејќи многу од тие ракометарки ни станаа пријателки и надвор од теренот.Вистинско богаство е да имаш пријатели насекаде во светот,па треба да сме им благодарни на ваквите организации што ни го овозможуваат сето ова,ни изјави Јована Мицевска за нашиот сајт.

05.12.2024

Михајло Тушевски

 

 

 

 

Leave a Reply