РК Вардар полека но сигурно го составува играчкиот ростер за идната натпреварувачка сезона. Откако вчера објавивме дека Куни Моралес останува дел од Вардар и идната сезона, денеска објавуваме дека следен на таа листа е одличниот бек шутер и репрезентативец на Македонија, Филип Талески.
Талески во својот договор имаше опција ,,плус една”, па така таа опција сега ќе се активира и Талески ќе остане да тресе мрежи во ,,црвено – црниот” табор и во новата сезона.
Талески игра маестрално оваа сезона во Вардар и можеби е играч на сезоната во дресот на двократниот шампион на Македонија. Го донесе Купот во Скопје во неделата, а има и огромна заслуга што Вардар (ќе) го одбрани и домашниот пехар.
Вардар досега се засили со средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, како и левиот бек Жилберто Дуарте. Пред промоција е кружниот напаѓач Павел Андреев.