Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар без бодови од гостувањето во Автокоманда
ЖРК Вардар без бодови од гостувањето во Автокоманда

ЖРК Вардар без бодови од гостувањето во Автокоманда

ЖРК Вардар во предпоследното коло од плеј-офот гостуваше во Автокоманда, вардарки на оваа средба беа поразени од домаќинот, тимот на Металург со резултат 26-23 (16-13).

.
Поведовме со 0-1 на почетокот, ривалот се врати веднаш и изедначи на 2-2. Неколку пати беше реми во првиот дел и тоа, 3-3, 7-7, 8-8, 9-9, 10-10 и на крајот 11-11. Домашниот тим во последните минути успеа да се одлепи на три гола, тие на пауза замина со резултат 16-13.

.
Во вториот дел сино-белите ја одржуваа предноста, на почетокот ние успеавме да дојдеме до гол негатива при резултат 20-19. Сепак немавме сили за конечен „удар“ и пресврт, домаќинот успеа да го искотролира резултатот и победи со три плус, односно со резултат 26-23.

.
Кај нас, Дамјаноска Катерина повторно беше прв стрелец, денес имаше 6 гола, погодок помалце односно 5 имаше капитенот Диневска Бојана. Три девојки имаа 3ки, Ивона Трпевска, Сара Миновска и Стојановска Михаела. Кај голманите Трајкоска Joвана сопре одлични 7.удара, Илиќ даде доприност со 4.одбранети топки.