Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Милосављев: Успесите со Вардар се мотив да продолжам со напорна работа
Милосављев: Успесите со Вардар се мотив да продолжам со напорна работа

Милосављев: Успесите со Вардар се мотив да продолжам со напорна работа

Милосављев по една сезона помината на голот на Вардар, се реши за нов предизвик во неговата играчка кариера. Иако млад и „неискусен“ кој дојде од екипата на Партизан, Милосављев се покажа како големо засилување за црвено-црните и достојна замена за големиот Штербик. Имаше голем удел во освојување на втората Европска титула, а една од неговите одбрани во големото финале беше и прогласена за најдобра, на сезоната во ЛШ.

-Финалето против Веспрем беше навистина посебен меч, кој засекогаш ќе остане во моето сеќавање. Многу сум среќен што фановите ја избраа токму мојата одбрана, за најдобра на целата сезона во Лигата на Шампионите. Таа одбрана се случи во вистински момент, кога се одлучуваше победникот во големото финале.

Популарниот „банда“ вели дека успесите со Вардар, се мотив за него да работи напорно во остварување на новите цели.

-Во Вардар постигнав многу успеси, сите се посеби за мене и се мотив да продолжам и понатаму да работам напорно во новите предизвици.

Во новата сезона, ќе го брани голот на Фуксе Берлин, тим за кој верува дека ќе му помогне да направи успеси, како на домашна, така и на меѓународна сцена.

-Едвај чекам да заиграм во бундеслигата, се работи за една од најдобрите лиги во Европа. Фуксе Берлин е стабилен тим, кој има големи амбиции, во кои се надевам дека јас ќе се вклопам во истите и ќе му помогнам на тимот во остварување на посакуваните цели.