Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider > РК Вардар и Леотар постигнаа договор за взаемна соработка
РК Вардар и Леотар постигнаа договор за взаемна соработка

РК Вардар и Леотар постигнаа договор за взаемна соработка

Европскиот ракометен шампион и тимот на РК Леотар од БиХ потпишаа договор за соработка, која вклучува размена на играчи и искуства, како и едукација на тренери.

-Се договоривме да правиме размена на играчи, во тој смисол да талентираните играчи на Вардар и Леотар да споделуваат искуства, рече претседателот на Леотар.

-Можеме да испратиме и размениме многу наши играчи од Академијата, исто така и Леотар може да ги испрати своите играчи на „калење“ во Скопје. Можеме исто така да организираме семинари и кампови за младите категории, како и други активности, изјави Марко Савовски, оперативниот менаџер на Вардар.

Вардар беше на десетдневни подготовки во Требиње, а исто така настапи на турнир, на кој успеа да го освои првото место, совладувајќи ја екипата на Металопластика во финалето.