Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар и Борац ќе го отворат турнирот во Требиње
Вардар и Борац ќе го отворат турнирот во Требиње

Вардар и Борац ќе го отворат турнирот во Требиње

Градот на сонцето во Требиње ќе биде домаќин на 2.издание на меѓународниот турнир, кој на програмата е во периодот од 9-11.август.

На турнирот учество ќе земат шест екипи, меѓу нив и Европскиот ракометен шампион, тимот на Вардар. Токму црвено-црните ќе отворат овој турнир, противник им е екипата на Борац од Бања Лука, мечот својот старт ќе го има во 15:00 часот. Во 18:00 часот ќе се одигра и вториот меч на турнирот, меѓу екипите на Металопластика и Бутан Плин Изола од Словенија. Во 20:30 е закажано свечено отварање на турнирот, додека во 21:00 часот, Вардар ќе го одигра и вториот меч, против домашниот тим на Леотар.

rukometni-turnir-grad-sunca