Вардар беше поразен на натпреварот со екипата на Алборг. Игравме со вицешампионот на Европа, па гледавме врвен ракомет од двете страни. Еден од најубавите погодоци на натпреварот беше дело на Кевин Њокас кој ја „искина“ мрежата на противничкиот голман. Погледнете го погодокот, во моменти кога се доближивме на само два гола негатива. Read More »
Tag Archives: Slider
Дибиров влезе во „Клубот 1000“
Тимур Дибиров на вчерашниот натпревар против Алборг беше наш најефикасен ракометар со 9 голови и сите постигнати во првиот дел. Дибиров испиша нова историја откако успеа да влезе во „Клубот 1000“. Во сите европски натпреварувања, Дибиров ја надмина бројката од 1.000 погодоци, а секако најголем дел од нив се на настапите во Лигата на Шампионите, каде е трет најдобар стрелец ... Read More »
Дојде време Купот да биде среќен за Вардар кој патува во 1/4 финалето!
Фудбалерите на Вардар во 1/8 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија го победија тимот на ФК Скопје на пенали. Попладнево во Маџари по 90.минути немаше голови, па победникот беше одлучен по изведување на пенали. По првиот дел во Маџари немаше голови. Сиромашно прво полувреме, вардарци речиси и да не направија некоја добра акција и шанса за гол, додека пак противникот ... Read More »
Познати составите за вечерва, кај Вардар го нема Ристовски
Натпреварот од 5. коло од Групата А во Лигата на шампионите меѓу Алборг и Вардар се игра денес со почеток од 18-45ч. Како што беше и најавено, кај Вардар го нема на голот Ристовски, додека пак тимот на домаќинот на овој дуел ќе биде засилен за Палмарсон, кој не играше на дуелот во Скопје. Се надеваме на уште една добра ... Read More »
ЖРК Вардар стигна и до петтата последователна победа во лигата, Спартак беше лесен „залак“ за разиграните вардарки
Екипата на ЖРК Вардар стигна до уште една лесна убедлива победа во рамките на Супер Женската Лига од групата Б. Во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ вардарки дојдоа до висока победа на гостувањето кај екипата на Спартак. Конечниот резултат на овој нерамноправен натпревар гласеше 20:51, ова е петта победа во исто толку одиграни дуели. Целиот натпревар помина во знакот ... Read More »
Вујо: Не патуваме со бело знаме, мораме да веруваме во себе!
Утре Вардар гостува во Данска кај екипата на Алборг. Добро познат ривал кој го победивме во Скопје пред три недели. Пред утрешниот дуел, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ даде мислење за гостувањето и тежината на натпреварот. „Ќе биде многу поразличен натпревар од тој што го одигравме во нашата сала. Ние успеавме да ја успориме нивната игра, да не трчаме многу и ... Read More »
Натпреварот Алборг-Вардар со пренос на Арена Спорт 3
Утре на програмата е натпревар од 5.коло во Лигата на Шампионите. PK Вардар 1961 гостува во Данска кај екипата на Алборг. На првиот натпревар одигран во С.Ц. Јане Сандански славеа црвено-црните. Утрешниот натпревар кој стартува во терминот од 18:45 часот ќе можете да го проследите со директен пренос на Арена Спорт 3. Read More »
Лазаров повика пет вардарци за контролните натпревари на Македонија против Египет
Македонската ракометна репрезентација ќе биде активна за време на ЕХФ неделата.На 5 и 6.ноември, нашата репрезентација ќе гостува во Каиро каде ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Египет, како подготовка за претстојното Европско првенство. Селекторот Лазаров објави список на 22 ракометари на кои ќе смета за овие натпревари. На истиот се најдоа и пет играчи од редовите на ... Read More »
Среќен роденден Јан Чувара
Денес роденден прославува ракометарот на Вардар, Јан Чувара. Се работи за полски репрезентативец кој пристигна сезонава во Вардар. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЈАН !! Read More »
Втора победа во низа, совладан ГФК Охрид
Фудбалерите на Вардар ја запишаа втората победа во низа, откако попладнево го совладаа тимот на ГФК Охрид, со резултат 2:0. Стрелци на головите за Вардар беа Блажевски и Грозданоски. Вардар на одличен начин го отвори дуелот и по само 15-сетина минути игра имаше водство од 1:0. Капитенот Дејан Блажевски измами двајца играчи на гостинот, биеше од преку 20 метри крајно ... Read More »