Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Tag Archives: Slider (page 792)

Tag Archives: Slider

Солдадо: Сакам да стартувам против ФК Вардар

saldao

Шпанскиот фудбалер кој играше за Реал Мадрид, Валенсија, Виљареал и Тотенхем во својата кариера,  Роберто Солдадо е доведен во Фенербахче  како големо засилување. Се очекува  неговиот  дебитантски натпревар да го има токму утре  на првиот дуел против Вардар од плеј-офот  за Лигата на Европа. Тој вели дека одлично се адаптирал и дека сака да настапи утре против црвено-црните на “Телеком арената“ ... Read More »

УЕФА потврди дека Јаневски утре ќе биде на клупата, ФК Вардар денес на прес официјално ќе го претстави

cede-vardar

Чедо Јаневски ќе го предводи Вардар од клупата, како шеф на стручен штаб против Фенербахче, утре во Скопје, откако и УЕФА го потврди како нов тренер на македонскиот првак.  ФК Вардар преку соопштение до медиумите потврди дека денес на пресконференцијата ќе биде промовиран Јаневски и тој ќе се обрати на медиумите. Во соопштението на клубот се вели: Фудбалскиот клуб Вардар ... Read More »

Фенер тргна за Скопје, вечер ќе одржи прес и тренинг на “Филип втори“

opop

Фенербахче утрово тргна накај Скопје, тие од Истанбул ќе слетаат на аеродромот “Александар велики“ потоа ќе се сместат во нашата метропола. Гостинот денеска на „Телеком Арената“ ќе го одработи и официјалниот тренинг од 19-00 часот. Како што е најавено претходно од 18:30 часот тренерот Ајкут Кочаман ќе одржи и прес-конференција. Прес-конференцијата на ФК Вардар е од 20-00 часот по што ... Read More »

Билетите одат одлично, само 8.000 уште во продажба

vardarfans-termini

Откако се донесе одлука  сите билети да се продаваат по цена од 300 денари, тие забрзано почнаа да се трошат со несмален интезитет.  Според онлајн продажбата на ТикетсПлус, на ден   до почетокот на мечот остануваат уште околу 8.000 билети за продажба. Веќе се гледа дека натпреварот ќе има голема посетеност, а реални се шансите утре, четврток натпреварот да биде распродаден ... Read More »

Првиот натпревар пред својата публика, РК Вардар го игра на 5-ти септември против екипата на Горење Велење

vardarfans-rk-vardar

Првиот натпревар пред домашната публика, Европскиот шампион ќе го игра на 5-септември и тоа во рамките на второто коло од СЕХА-лигата. Горење Велење ќе биде првиот тим кој ќе го гостува во спортскиот центар Јане Сандански и кого публиката ќе може да го види на дело со нашиот шампион, кој е актуелен освојувач на ова натпреварување. Овој меч е закажан ... Read More »

Комити: Излезете заедно да ја најавиме одбраната на Вардаровата република

20799060_1404229302964684_1976619837683592866_n

Комитите организираат нов караван, овој пат на ден пред натпреварот против Фенер. Во нивното соопштение се вели: И ПОВТОРНО НАЈЈАКО !!! “Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат” Излезете заедно да ја најавиме одбраната на Вардаровата ... Read More »

ГОТОВО Е: Јаневски нов тренер на ФК Вардар!

cede-vardar

Готово е! Вардар денеска добива нов тренер. Неговото име е Чедомир Јаневски. Популарниот Чеде доаѓа во Вардар на местото на Седлоски кој денеска си поднесе оставка. Како што информираат и од https://sport1.mk/, Чеде пред половина час пристигна во Скопје каде го пречека член од ФК Вардар. Чеде денеска  и официјално ќе биде претставен како нов тренер на ФК Вардар. Добредојде дома ... Read More »

Јаневски Чеде нов кормилар на ФК Вардар ?

p2

Според спортскиот сајт Екипа.мк поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски треба да го преземе кормилото на ФК Вардар, по изненадувачката оставка на Гоце Седлоски од клупата на најтрофејниот македонски клуб која доаѓа во незгоден момент, на само два дена пред плеј-оф квалификацискиот натпревар за Лигата на Европа против Фенербахче. Они велат дека  веќе е договорена соработка со Јаневски кој се очекува да го преземе кормилото ... Read More »

Седлоски си поднесе оставка! Гоце: Донесов одлука за доброто на сите во клубот

vardarfans-sedloski

Шефот на стручниот штаб на ФК Вардар,  Гоце Седлоски, денеска поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб на екипата. Тој во изјава за клубскиот сајт за овој негов потег пред дуелот со Фенербахче го изјави следното: „Почитувани. Јас, Гоце Седлоски денес донесов одлука да си поднесам оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Вардар, за доброто на ... Read More »

(ВИДЕО) Добредојде во Вардар Итало

13825-brazilecot-italo-nov-fudbaler-na-vardar

Вардар замената за Балотели ја пронајде во неговиот сонародник Итало Хозе Оливеира. Итало има 29. години, во својата кариера има настапувано за квалитетни екипи како Интернасионал, Сао Паоло, Маритимо.. Итало ќе биде задолжен за голови во новиот шампионат. Видео, добредојде за Итало во “црвено – црниот” дрес. Read More »