Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар ја совлада ЖРК Стружанка и си закажа финале
Вардар ја совлада ЖРК Стружанка и си закажа финале

Вардар ја совлада ЖРК Стружанка и си закажа финале

Одкако предпладнево, ЖРК Ѓорче Петров обезбеди финале, предмалку и Вардарки закажаа интересен попладневен натпревар. Како дел од групата-А  во Купот   денес во салата „Христо Батанџиев“ во Волково се одигра  полуфиналето, Вардар-ЖРК Стружанка. На истото девојките на Ристова и Царчев победија и обезбедија дуел кој ќе го даде патниот за Ф-4 турнирот. Ние победивме со 32-20.

На почетокот ривалот поведе со 1-2, тимот од Струга имаше предност се до 9.минута. Трпевска во 10.минута погоди за реми, 6-6 по кое ние заигравме на повисоко ниво. Почнавме да правиме пресврт и на одмор заминавме со предност од три гола. За време на паузата беше 15:12 за црвено-црните.

Вториот дел го отворивме одлично и поведовме со пет плус, 20:15 со што најавивме пласман во финалето кое е закажано за денес во 19-00 часот во истата сала против Ѓорче Петров. Во последните 15.минути влеговме со предност 22-17, па се беше јасно околу победникот. Ние триумфитавме со резултат 32-20.

Tрпевска имаше 7 гола, капитен Диневска Бојана даде 5 погодоци колку и Николовска Марија. Илиќ имаше 8 одбрани, Ѓорѓиевска фати 3топки.