Поради настапите на голем број првотимци на Светското првенство, црвено-црните работеа речиси без половина. РК Вардар сепак веќе утре ќе одигра контролен меч против српскиот тим, РК Железничар од Ниш.
Во “Јане Сандански“ на гости ни доаѓа српскиот вице-првак и освојувач на Купот каде тренер е поранешниот кормилар на вардарци, Веселин Вујовиќ. Ќе настапиме со комбиниран тим со повеќе млади ракометари од вторатата екипа кои и во текот на есенскиот дел настапуваа за првиот тим. На барање на тренерите натпреварот ќе биде од затворен тип со цел да може да се испробаат повеќе нови варијанти во играта.
Деновиве треба на екипата треба да им се приклучат и ракометарите што настапуваа на СП, тренерот Роберто Гарсија Парондо на тренинзите на „црвено-црните” ќе бидат и Дејан Милосављев, Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Тимур Дубиров, Глеб Калараш, Димитри Кисељев и Даниел Шишкарев.