Thursday ,18 August 2022
Последни:
Home > Uncategorized > 7 години „Вардар Фанс“, ви благодариме на довербата

7 години „Вардар Фанс“, ви благодариме на довербата

vardarfans-logo-660x330

Денеска е голем ден за нас. На овој ден пред точно седум години започна со работа „Вардар Фанс“ (или поранешен „Лико Вардар  Фанс“).

Се започна на овој ден во 2011 година, кога за прв пат се појавивме како Фејсбук профил на Бразилскиот фудбалер на Вардар, Пауло Кандидио – Лико. Стартувавме многу скромно, за многу кус период стигнавме  до 5.000 пријатели на Фејсбук. Поради ограничениот лимит на профилот, моравме да бидеме трансформирани во Фејсбук страна. Набргу по трансформацијата се одлучивме да одиме уште еден чекор понапред. Следуваше веб-страна која се вика(ше) http://vardarfans.mk/. Веќе три и пол години можете да не следите на нашиот веб портал, кој известува за: фудбал, ракомет, кошарка, млади категории, куглање, борење, атлетика и се останато што е поврзано со СД. Вардар. Ни претставува голема чест и задоволство што нашата страна од ден на ден се повеќе расте, во овој момент  „Вардар Фанс“ брои некаде повеќе од 19.000 фанови кои сами се приклучија на оваа страница, без никакви покани или платени рекламни кампањи.

Ви благодариме на укажаната доверба сиве овие шест години. Ве уверуваме дека ќе работиме уште по напорно и ангажирано и оваа седма година од нашето постоење.

Со почит вашиот „Вардар Фанс“.