Стратегот на вардарци, Стевче Алушовски не го криеше своето незадоволство од прикажаната игра на своите избраници и истакна дека воведните 15 минути од второто полувреме биле пресудни за поразот. Црвено-црните повторно беа поразени од П.Сегед.
Доста добар меч одигравме, посебно во фаза на нападот. Но, имавме лоши 15 минути во вториот дел. Исто како и во Скопје, промашивме неколку зицери во важни моменти и немавме идеја при „7 на 6“. На крајот, Сегед дојде до втора победа-изјави Алушовски.