Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар М16 ќе настапи на првиот меморијален турнир „Драган Василов-Цевка“ -
КК Вардар М16 ќе настапи на првиот меморијален турнир „Драган Василов-Цевка“ -

КК Вардар М16 ќе настапи на првиот меморијален турнир „Драган Василов-Цевка“ -

Од 9. до 12. септември во Скопје ќе се одржи првиот меморијален турнир во чест на нашиот легендарен тренер. По тој повод денеска беше организирана и прес-конференција на која јавноста беше запозната со сите детали во и околу организацијата и реализацијата на идејата за креирање на еден ваков кошаркарски настан.

Меѓународен кошаркарски турнир за играчи „Под 16“ години, кој го носи името на Драган Василов Цевка, еден од најдобрите македонски тренери кои работеле во младинските возрасни категории, и кој остави поколенија на играчи кои ја носат македонската кошарка.

На премиерното издание на овој турнир, учество ќе земат вкупно осум екипи, поделени се во две групи.

Во групата „А“ за првото место на собирот во „Јане Сандански“ ќе се борат еден од домаќините, екипата на МЗТ Скопје Аеродрон, романскиот Клуж, Академик Пловдив од Бугарија, како и Реал Гуровиќ Академијата од Белград.

Во групата „Б“, освен ко-домаќините, екипата на Вардар, се уште и екипите на Шопрон од Унгарија, Слован од Словенија, и белградска Црвена Звезда.

Согласно со системот за натпреварување на турнирот, во групната фаза ќе се игра според „Раунд-робин“ системот (секој со секого). А во зависност од позициите по трите одиграни кола, ќе се одредат и мечевите за пласман кои на програмата се на 12. септември (недела, за кога е предвидено и свеченото затворање на турнирот посветен на нашето големо тренерско име, Драган Василов.

МЕЃУНАРОДЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ ЗА КОШАРКАРИ „ПОД 16“ ГОДИНИ

ЕКИПИ У ЧЕСНИЦИ

ГРУПА „А“

МЗТ Скопје Аеродром (Македонија)

Клуж (Романија)

Реал Гуровиќ Академија – Белград (Србија)

Академик Пловдив (Бугарија)

ГРУПА „Б“

Вардар (Македонија)

Црвена Ѕвезда – Белград (Србија)

Слован Љубљана (Словенија)

Шопрон (Унгарија)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

9.СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

19.00: Свечено отворање и натпревар во забивање

10.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК):

09.00: Клуж – МЗТ Скопје Аеродром

11.00: Реал Академија Гуровиќ – Академик

13.00: Слован – Вардар

15.00: Шопрон – Црвена Ѕвезда

17.00: Реал Академија Гуровиќ – Клуж

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Академик

21.00: туристичка прошетка со отворен автобус

11. СЕПТЕМВРИ (САБОТА):

10.00: Вардар – Шопрон

12.00: Црвена Ѕвезда – Слован

14.00: Клуж – Академик

16.00: Реал Академија – Гуровиќ – МЗТ Скопје Аеродром

18.00: Црвена Ѕвезда – Вардар

20.00: Слован – Шопрон

12. СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА):

09.30: меч за 7 место (мала сала)

11.30: меч за 5. место (мала сала)

11.00: меч за 3. место

13.00: ФИНАЛЕ

14.30: Свечено затворање на турнирот

*Натпреварите се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје