Денес се одигра првиот пријателски дуел помеѓу Македонија и Црна Гора. На мечот настапија сите шест вардарки кој се во составот на оваа селекција.
Дуелот започна со воства на гостинките кои ние постојано ги изедначувавме, па при 1-2 за нас погоди Џатевска Ивана, која одлично прими топка и уште помајсторски се ослободи од чуварот погодувајќи за 2-2. Потоа стапи на сцена Милица Николиќ која изедначи најпрвин на 3-3, а потоа со “бомба“ погоди за 5-5. По овој резултат противникот успеа да се одлепи па на одмор замина со предност од четири гола. На семафорот стоеше 8-12 за ривалот за време на паузата.
Во вториот дел продолжи доминацијата во играта на противникот тие ја држеа предноста која повремено и ја зголемуваа. Како и во дел од првиот така и во вториот дел добија вардарки прилика, Ана Марија Божиновска влезе во игра, ама селекторот и даде прекратка минутажа во однос на квалитетот кој го има и “живоста„ која ја внесе. Мими Петковска беше добра во дефанзива, во напад успеа да обезбеди два седмерца по одличен влез, кога противникот немаше друг начин да ја сопре. Во последната фаза од дуелот влегоа Грујовска Симона и Андреа Седлоска. Многу повеќе црвено-жолтите ќе имаа прилика да се доближат ако овие девојки порано заиграа. Грујовска фати одличен удар, во напад добивме пенал кој го реализираше Седлоска. Сепак нивното влегување беше прекасно за да сменат нешто, како и краткото време кое го доби Божиновска.
Од црвено-црните девојки Милица Николиќ имаше два погодока таа одлично влезе во мечот, иако прекратко доби прилика веднаш Симона Грујовска впиша две интервенции, многу се бореше во дефанзива, а во напад погоди еднаш Џатевска Ивана колку и Седлоска која изведе седмерец.