Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Една победа,еден нерешен резултат и два порази за младинските категории на Фк Вардар,против Академија Пандев
Една победа,еден нерешен резултат и два порази за младинските категории на Фк Вардар,против Академија Пандев

Една победа,еден нерешен резултат и два порази за младинските категории на Фк Вардар,против Академија Пандев

-Единствената победа во дуелите против екипата на Академија Пандев,ја постигнаа токму најмладите.Фк Вардар У 16 продолжуваат со одличните игри и резултати.На домашен терен,на локомотива беа подобри од врсниците од Академија Пандев совладувајќи ги со 3:1.Стрелци на головите на овој дуел беа:Кристијан Ристовски,Виктор Ивановски и Кренарт Дардиша.Следен натпревар е против екипата на Ренова.

-Втор неуспех по ред за екипата на Фк Вардар У 17 предводени од Ане Андоновски.На домашен терен доживеаа непријатен пораз од Академија Пандев со резултат 0:1.По добриот почеток на сезоната каде остварија три победи,во продолжение од лигата забележаа само еден нерешен резултат и два порази.

-Единствена генерација на Вардар која и натаму е непоразена во првенството и купот е екипата на Фк Вардар У 18 предводени од тренерот Љупчо Марковски.Во ова коло тие ремизираа на гостински терен против А.Пандев со резултат 1:1.Стрелец на единствениот погодок за Вардар беше дело на Ердон Даци.Црвено-црните имаа три нерешени резултати во низа.

-Младинците на Вардар У 19 продолжуваат со слабите игри доживувајќи го третиот пораз во првенството.Овој пат подобри од црвено-црните, беа нивните врсници од А.Пандев со резултат 2.1.Голот за Вардар на овој меч го постигна Стефан Ѓеоргиевски.

05.10.2014

Leave a Reply