Фк Вардар У 17 се врати на победите,после два порази во низа.На Локомотива момците на Ане Андоновски беа подобри од своите врсници од Ренова,совладувајќи ги со 3:0.Со оваа победа црвено-црните ја прекинаа серијата од три последователни неуспеха.Стрелци на головите беа Филип Таневски(2) и Александар Трајчевски.
-Одигравме еден квалитетен натпревар против Ренова.Најважно за нас е што победивме,а можевме да бидеме и многу поефикасни.Исто така го контролиравме цел меч во кој создадовме многу шанси.Целиот тим беше на највисоко ниво.Сега се фокусираме на натпреварот со Милано,викендов кој следи,ни изјави Филип Таневски за нашиот сајт.
12.10.2014
Звонко Ивановски