Викендов во „Јане Сандански“, ЖРК Вардар и Стружанка одиграа дуел кој беше финале во 1/4-финалната група „В“. Ние обезбедивме пласман на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија. Стружанка беше во егал во 42.минута, имаше 17-17, но вардарки во одбраната играа на ниво, Џатевска и Дамјаноска беа непремостлив бедем, цела шесторка пред Грујовска која не прими гол 17.минути беше брилијантна. Во нападот имавме серија 10-0, победата дојде со 27-19.