Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар: Информација за билетите
ФК Вардар: Информација за билетите

ФК Вардар: Информација за билетите

*преземено од официјалната страна на ФК Вардар

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БИЛЕТИ!

Билетите за бараж натпреварот ќе го може да ги набавите на следните локации:

Петок (19.05) од 19:00ч пред хотелот “Холидеј Ин”, каде што од 20:00ч, навивачите на клубот, со песна низ улиците на градот ќе ја најават инвазијата на Кавадарци.

Сабота (20.05), ќе има продажба на фонтата во Градскиот Парк, од 12:00ч, се до 19:00ч.

Недела (21.05) ќе има продажба на билетите, на собирот пред С.Ц. Јане Сандански. Од 11:30ч, па се до тргнувањето кон Кавадарци.

Цена на билетите: Билет + превоз = 200 ден.

ВАЖНО: Одреден број на билети се наменети и за навивачите од другите градови. Ќе известиме наскоро на кој начин ќе можат да ги купат. Секој навивач ќе биде испочитуван, зошто Вардар е клуб на народот!