Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Ангеловска Ива: Шишкарев е мојот идол, сакам да сум играч како него
Ангеловска Ива: Шишкарев е мојот идол, сакам да сум играч како него

Ангеловска Ива: Шишкарев е мојот идол, сакам да сум играч како него

Пионерскиот тим на ЖРК Вардар, предводен од Платон и Папуџиева лани дојде до двојна круна. Оваа сезона, на зимо беше убедлив лидер во пионерската и кадетската лига каде ги брани титулите со максимален ефект. Пролетниот дел започна со две убедливи победи, сепак дојде принудниот одмор во младинските лиги.

Истиот ќе го искористиме да направиме интервју со една девојка која поодамна го заслужи истото, крилото на овој тим Ива Ангеловска. Посебен играч, ситна по конституција, но лукава вешта и безпрекорна во извршување на зададените задачи. Ива е константна во тимот, секогаш нејзиниот удел е загарантиран. Умешно погодува, има одличен одраз и лукав, најчесто неодбранлив удар во офанзива. Во дефанзива нејзината голема мобилност е вистиснки плус за вардаровата одбрана. Особено импресивни се нејзините контра-напади, каде молњевито ги казнува пропуштените шанси на ривалот пред нашиот гол и ја валоризира добрата одбрана. Најзините игри често се инспиративни за останатите, пркосна и моќна, девојка која на теренот се движи со голема леснотија. Високото ниво на подготвеност, вештината и лукавоста и дава спектар на можности за настапите, која таа на доста интелигентен начин ги користи.

Со ракометот се „дружам“ од својата 8.година..

Со ракометот се „дружам“ од својата 8.година..

*Вардаровото крило за почеток не запознава со своите ракометни почетоци и како се пројавила љубовта кон ракометната игра.

-Започнав да тренирам ракомет на осум годишна возраст, први тренери ми беа Билјана Пецевска и Зоран Кастратовиќ. Уште од мали нозе ме интересирале спортови, а посебно ракометот. Љубовта кон овој спорт ја добив кога сестра ми почна да тренира, се угледав на неа  и  посакав да бидам дел од овој спорт што се покажа дека е мој животен повик.

*Како и дузина млади ракометари така и она беше дел од проектот “Вардар Јуниор лига“ кој изроди голем број играчи кои сега се дел од црвено-црните селекции. Нејзиното мислење за овој проект е следно:

Имам учествувано во Јуниор лигата, тоа е проект на Академијата на РК Вардар кој донесе многу за нас младите таленти. Бев избрана за најдобро лево крило на турнирот Еден живот-Една љубов во 2016 година. Преку јуниор лигата се открија многу таленти кои сега се дел од младинските селекции на црвено-црните, дефинитино тоа е проект кој ги исполни очекуваните цели.

Позицијата крило е идеала за мене...Ангеловска

Позицијата крило е идеала за мене…Ангеловска

*Ива „царува“ крај левиот раб на теренот, таа одлично се снаоѓа на крилната позиција во тимот која е како создадена за нејзините физички предиспозиции. Ниското тежиште и брзоногоста е нешто што и дава посебен „шмек“ на нејзината игра.

Уште од почетокот започнав да играм на позиција крило, сепак  не ми претставувало проблем да играм на позиција како што е центар. Поради мојата висина не сум имала можност да се истакнам и како централен бек, мислам дека крилната позиција е место каде највеќе може да допринесам за успехот на мојот тим и позиција која соодвејстува со мојот стил на игра.

*Како младата ракометарка стана дел од црвено-црниот шампионски пионерски тим и што значи да си дел од екипата која го носи прекарот “Лавици“ дознаваме во продолжение.

Бев една година дел од Вардар со девојките родени 2002 и 2003 година, но потоа една година почнав да тренирам со мојата генерација каде што учествував во Јуниор лигата. Потоа повторно бев селектирана со девојките од моја генерација 2004. Еве веќе три години сум дел од овој тим и многу сум среќна и задоволна од секојдневните тренинзи што ги имаме со нашите тренери Анџела Платон и Марија Папуџиева. Тука се и советите од Индира Кастраровиќ кои многу ни помагаат. Со многу  работа ги постигнавме сите успеси како тим во кадетска, пионерска лига па и на сите турнири што ги освоивме.

Сезоната започна одлично, ние доминиравме во лигите

И.А: Сезоната започна одлично, ние доминиравме во лигите

*За жал поради настаните во земјава сезоната е во “мирување“. До пред прекинот ние доминиравме во двете лиги, имавме 100% ефект на мечевите во кадетската и пионерската конкуренција. 

Сметам дека сезонава добро започна, сите ние се надеваме на успеси како претходната сезона, да ги освоиме двете лиги. Не е лесен „товар“ да браниш две титули во женска ракометна конкуренција, сепак до пред овој прекин ние работевме по планот на тренерите, влегувавме до меч во меч мотивирано и на сите дојдовме до победи без исклучок.

*Ангеловска пролетва буквално „блика“ од енергија одлично ги започна првите две кола. На два меча постигна 11.гола па со Борјана Коцева ја делат првата позиција на листата на стрелци кај „Лавиците“ во оваа пролет.

Работата со Платон и Папуџиева заедно со советите на Кастратовиќ не прави подобри

Работата со Платон и Папуџиева заедно со советите на Кастратовиќ не прави подобри

Оваа пролет задоволна сум од себеси, од своите игри кои ги прикажав на двата воведни дуели во пионерската конкуренција. Велам,  секогаш може многу подобро. Моите игри како и претходно така оваа пролет и во иднина ќе ги ставам во функција на тимот, тимските успеси се најважни за оваа наша млада вардарова екипа.

*Секој млад спортист, нормално и нашата „хероина“ од ова интервју има свој идеол во спортот во кој се натпреварува. Станува збор за ракометар на двократниот европски првак, РК Вардар.

Ива со својот идол, Шишкарев

Ива со својот идол, Шишкарев

Мојот идол е играчот на машкиот тим на  Вардар,  Данил Шишкарев, кој што исто така како и јас игра на позиција крило. Рускиот репрезентативец ми е  идол уште од самиот почеток кога пристигна во Скопје. Ми се допаѓа тоа што во секој натпревар  дава 100 проценти од себе, тој секогаш игра константно добро и игра со срце. Каракеристики кои ги обожавам и кои сакам да се одлика на мојата игра.

*Девојката со големо срце од нашиот тим ја замоливме да ни одвои еден впечатлив момент од нејзината црвено-црна вардарова историја со тимот. Таа  за крај на нашето заедничко интервју ни соопштува:

Имам многу убави моменти со мојот тим, но сепак ќе го издвојам еден. Турнирот во Белград во декември 2018 година, каде што го освоивме првото место. Скоро цел меч  тимот на РК Студентски дом беше во предност, на полувреме беше најголемата предност од 7 гола разлика. Потоа ние направивме голем пресврт во нашата игра во последните минути самоуверено и тимски ја завршивме средбата со победа од 2 гола разлика. Средбата беше едеа од највозбудливата и емотивна како за нас така и за нашите родители кои беа дел од публиката- вели Ангеловска.

Михало Тушевски