Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Со пресврт во вториот дел кадетите на Вардар ја совладаа ФК Брегалница

Со пресврт во вториот дел кадетите на Вардар ја совладаа ФК Брегалница

Вчера, кадетскиот тим  на ФК Вардар на теренот со вештачка трева при  тренинг  центарот на црвено-црните во Скопје ја пречекаа екипата на Брегалница од Штип. Момците на Ивановски одигаа одличен дуел, особено во вториот дел кога успеаа со пресврт да дојдат до висока победа со три гола. На оваа средба победивме со резултат 6:3.

Мечот  нашиот тренер, Филип Ивановски го започна со следниот состав: Ангелов, Трпезановски, Ѓоргиевски, Ѓоргоски, Јовановски, Давков, Стојчевски, Тасевски, Мирков, Андрески и Гуџуфи.

Првиот дел започна со  водство на ривалот, тие постојано поведуваа ние се обидувавме и успевавме да се вратиме на реми исход. Брегалница поведе со 0-1, ние изедначивме на 1-1 преку Бесар Гуџуфи. Потоа штипјани поведоа со 1-2, нашиот  Лео Андрески ја врати резултатската симетрија и погоди за 2-2. До крајот на првиот дел двата тима имаа прилики, сепак погодија гостите кои на одмор замина со гол предност, односно со резултат 2-3.

Веднаш и во вториот дел, по третти пат вчера на овој пријателски-тест дуел со сино-белите, кадетите на Вардар изедначија. Филип Ѓоргоски погоди за 3-3, по тоа ние бевме тимот кој го диктираше темпото на оваа средба. Успеавме во вториот дел да погодиме четири пати, гостите повеќе неможеа да парираат на нашата игра. Победивме со 6-3, останатите три гола беа дело на двајца играчи. Бесар Гуџуфи погоди уште во два наврата постигнувајќи хет-трик  на средбата, зад своето име гол впиша и Алек Саит.