Нашата женска кадетска репрезентација официјално заврши со учество на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, во дивизија Б. Репрезентативките предводени од Виолета Здравковиќ настапот го завршија со пласман на 22. место.
После нешто повеќе од еден месец подготовки во Скопје и во Маврово, репрезентативките до 16 години заминаа за Софија, Бугарија каде првично разигруваа со врсничките од Холандија, Бугарија, Луксембург и Украина во рамки на групата Д. Групната фаза ја завршивме без ниту еден триумф што значеше разигрување за пласман од 17. до 22. место преку новоформираната група Е.
Со нови два пораза нашите кошаркарки разигруваа против Исланд за конечен пласман на 22. место.
Во оваа селекција има една девојка од женскиот кошаркарски тим Вардар, станува збор за Гилева Тамара.