На натпревар од турниорот при “Балканската младинска лига“ која се игра во Бугарија тимот на КК Вардар М14 вчера забележа победа во мечот со тимот на Рилски Спортист.
На мечот со бугарскиот тим црвено-црните момци дојдоа до победа со девет поени предност. Тие го совладаа тимот на Рилски Спортист со резултат 59:50. Денес ќе одиграме уште еден дуел во кој ќе се бориме за третото место, ривал ние е шампионот на Романија во оваа генерација.