Во просториите на Ракометната федерација на Македонија во текот на денешниот ден беше извршена ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија кај дамите. Вардар се најде во групата-2, имавме поволна ждрепка која ни го отвара патот кон завршницата, односно настапот на Ф-4 турнирот во Купот на Република Македонија.
Натпреварите од оваа фаза од Купот на Македонија ќе се одиграат на 18/19 март, по што ќе бидат познати сите учесници на завршниот турнир на 14/15 мај.
Куп на Македонија, жени, групи:
група 1
Чаир – Ѓорче Петров
Скопје – Спартак
група 2
Вардар – Шампион
Деспина – Кузман Вардар
група 3
Стружанка – Астибо
Овче Поле СУ – Металург
група 4
Пелистер – Гевгелија
Куманово слоб.