Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Почина легендарниот српски тренер и поранешен фудбалер на Вардар, Милан Живадиновиќ
Почина легендарниот српски тренер и поранешен фудбалер на Вардар, Милан Живадиновиќ

Почина легендарниот српски тренер и поранешен фудбалер на Вардар, Милан Живадиновиќ

На 77-годишна возраст почина поранешниот југословенски селектор и српска тренерска легенда, Милан Живадиновиќ.

Живадиновиќ беше тренер на Црвена звезда и на екипи како Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад, Спартак, турскиот Сакаријаспор и во кувајтскиот Ал Шабаб.

Во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија, а беше предводник и на селекциите на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар.
Играчката кариера ја мина во екипите на Црвена звезда, Челик, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест, а во периодот помеѓу 1963 и 1965 го носеше дресот на Вардар