Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар одигра борбен дуел со Спартак, “фортуната“ не не посака во клучните моменти па забележавме пораз
ЖРК Вардар одигра борбен дуел со Спартак, “фортуната“  не не посака во клучните моменти па забележавме пораз

ЖРК Вардар одигра борбен дуел со Спартак, “фортуната“ не не посака во клучните моменти па забележавме пораз

Спортот носи победи и порази, така девојките на Вардар првпат во сезонава “врзаа“ два неуспеси во низа, па денес со голем психолошки товар влегоа во дуелот со Спартак.  Тежината на неуспехот им донесе “тешки“ нозе на денешниот дуел, противникот мотивиран тргна и поведе, ние се обидувавме да стиггнеме во тек на цел меч. Дојдовме блиску, изедначивме и во клучниот момент погодивме статива. Спартак победи со 31-32 на оваа средбата.

Гостинот на стартот поведе ние веднаш вративме за почетни 1-1 преку нашиот бек Ангела Костовиќ. Потоа тежината на вчерашното дерби со Металург кое остави физичка замор и психички товар дојде на наплата. Гостинот успеваше постојано да биде на гол два предност па во 11.минута губевме со 7-9 на овој дуел. Сепак ние се издигнавме како “феникс“ по овој момент. Со серија 4-1 го преземавме водството и поведовме со 11-10  по успешно истрчаната контра и прекрасниот погодок на Мими Петковска.  Во оваа серија погодија претходно Костовиќ, Дамјановска и Ѓорѓиевска. Противникот не сакаше да се предаде па вложи нови напори и поведе со 13-15 во 20.минута по што Симовски побара минута одмор поради консултации. Не ни идеше ни потоа, поранешниот голман на Вардар во противничките редови Вики Сандева успеаа да ни одбрани два седмерца и еден зицер, апак “фортуната“ ни го сврте грбот погодивме и пречка и статива. Противникот не казни со два гола и поведе со 13-17 во 25.минута. Конечно Коларовска украде една топка, Трпевска истрча половина терен и го прекинавме овој “пост“ со гол за 14-17 долг 7.минути. Девојките се бореа ама едноставно неможеа да ја волоризираат играта со гол, не треба да и се замери тие со цело цело срце настапуваа. Во последната минута влеговме со 14-20, капитенот Диневска која денес одигра доста мотивирано намали на 15-20 пред паузата иако бевме со играч помалку во поле.

xd2

Гостинот погоди на стартот од вториот дел за плус седум 15-22. Ние врзаме два гола преку Коларовска и Седловска по подолго време и намаливме на 17-22. Во 10.минута од овој период на семафорот стоеше 19-25 имавме минус шест пред крајот на последните 20.минути. Грујовска врза две одбрани кога на тимот му беше повеќе од потребно, одлично одигравме во дефанзива, Коларовска, Седлоска, Дамјановска и Трпевска тоа го наградија со голови за намалување на 22-25 по што ривалот побара минута одмор во 42.минута. Ние како и во поголем дел од дуелот се боревме со сите сили на теренот. Дојдовме и на минус два по голот на Диневска, имавме три одбраната на Грујовска која не го штедеше ни лицето, тоа го награди Костовиќ за 26-28 точно на 15.минути до крајот. Симовски го уфрли големиот борец, пикерот Џатевска таа не донесе на гол негатива кога погоди за 28-29 во 20.минута од овој период. Дојде и изедначувањето во 28.минута на 31-31 преку Фани Ѓорѓиевска која одлично стрелаше од крило, Грујовска типично за неа со нога фати и ние добивме шанси за водство. Симовски побара тајм-аут на 54.секунди до крајот на дуелот. Погодивме  статива, противникот казни со гол за 31-32 што се покажа како конечен резултат.

xd3

На овој дуел Грујовска имаше 9 одбрани, иако имаше лош старт покажа дека знае да се издигне психички. Седлоска се истакна како прв стрелец со 8 гола, капитенот Диневска која се бореше многу во двата правца имаше 7 погодока, Коларовска која доста се жртвуваше во играта имаше три гола, колку и Дамјановска, Костовиќ и Трпевска кои погодуваа од тешки позиции. Крилото, Петковска Мими даде два гола, а борбениот пикер Џатевска Ивана  даде еден гол колку и крилото Ѓорѓиевска. Голманот Илиќ впиша една интервенција.