Ракометната федерација на Македонија со соопштение официјално потврди дека Савевски останува на клупата на дамите. Во информацијата поставена на официјалниот сајт се вели:
Почитувани,
Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.
Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место.
Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е именуван ќе ја извршува за период од две години.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија.