Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Савевски ќе биде координатор на сите женски репрезентации
Савевски ќе биде координатор на сите женски репрезентации

Савевски ќе биде координатор на сите женски репрезентации

Од РФМ соопштија дека, Љубомир Савевски ќе биде координатор на младинските женски репрезентации на Македонија летово, беше одлучено на денешниот Управен одбор. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов го предложи, а тој потоа беше изгласан од Управниот одбор во следните три месеци да работи како координатор на младите женски ракометни репрезентации на Македонија. Предизвикот  кој го очекува  Савевски ќе бидат кадетскиот и младинскиот ЕХФ шампионат во јули и август. Савевски после 11 години се враќа на активна работа, а после 14 години одново е селектор на девојките.

Го предложувам Љубомир Савески да биде координатор на младинските женски ракометни репрезентации. Савевски покажа дека е голем работник кој има создадено многу македонски ракометарки. Голем дел од ракометарките имаат поминато низ неговата школа. Среќен сум што господинот Савевски прифати да се врати во ракометот. За почеток тој да биде ангажиран за јули и август. Да добие логистика  и одврзани раце да работи овие два месеци со младите категории. Јас имам голема доверба во него поради тоа што има произведено голем број одлични ракометарки. Договор за координирање на младите репрезентации во летниот период, па потоа ќе видиме што понатаму“, изјави претседателот Мукаетов.