Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Потврда на она што го пишавме, ракометните младински лиги се играат во јуни
Потврда на она што го пишавме, ракометните младински лиги се играат во јуни

Потврда на она што го пишавме, ракометните младински лиги се играат во јуни

Дојде и официјална потврда на она што го пишувавме две недели претходно од РФМ. Пионерска, кадетска и младинска лига ќе се играат во јуни ширум салите низ Македонија.

Ракометна Федерација на Македонија донесе одлука натпреварите во младинските категории конечно да започнат и да се одиграат во Јуни. Пријавени се голем број на екипи во сите лиги на натпреварувања, а познати се датумите на одигрување. Натпреварите ќе започнат следниот викенд, ќе се играат по групи, а најдобрите екипи од групите ќе обезбедат место во полуфиналето и финалето.

Распоред на натпревари:

МЛАДИНЦИ – пријавени 22 екипи (12-15 јуни) натпревари по групи (16-17 јуни Ф4)

МЛАДИНКИ – пријавени 12 екипи (12-15 јуни) натпревари по групи (16-17 јуни Ф4)

КАДЕТИ – пријавени 20 екипи (18-20 јуни) натпревари по групи (23-24 јуни Ф4)

КАДЕТКИ – пријавени 17 екипи (18-20 јуни) натпревари по групи (23-24 јуни Ф4

ПИОНЕРИ – пријавени 15 екипи (26-28 јуни)
натпревари – по групи (30 јуни – 1 јули Ф4)

ПИОНЕРКИ – пријавени 11 екипи (26-28 јуни)
натпревари по групи – (30 јуни – 1 јули Ф4)