Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар започна со гостински пораз во СЕХА лигата
Вардар започна со гостински пораз во СЕХА лигата

Вардар започна со гостински пораз во СЕХА лигата

Екипата на РК Вардар  го одигра првиот натпревар годинава. Во рамките на 1.коло во СЕХА-лигата црвено-црните  гостуваа кај екипата на Татран Прешов која не совлада со резултат 27-23.

Започнавме одлично ние имавме водство, со три гола на стартот. Во 9.минута стрелаше Талески за 3-6, сепак не успеавме да ја одржиме истата. Домаќинот влезе во серија 4-1и изедначи на 7-7 во 17.минута, а потоа со уште два гола поведе по направен пресврт со резултат 9-7. Не успеавме да се вратиме до крајот на првите 30.минути. На пауза заминавме со три гола негатива односно со резултат 14-11 за домаќинот.

На почетокот на втотиот дел намаливме на 15-13, за нас два пати стрелаше Талески. По 10.минути игра ривалот ја имаше предноста од полувремето со три гола, во 40.минута водеа со 18-15 ракометарите на Татран. Во 46.минута дојдовме до високи пет негатива кога противничката екипа погоди за 21-16. Вардар ја конечно ја покажа својата креативност  и борбеност на теренот на ова прва меѓународна средба во 2023, со серија 1-5 намали на само гол негатива (22-21) во 24.минута од вториот дел. Сепак немавме сили и бевме совладани со 27-23.

Кај нас Талески погоди 8.пати по 4.гола имаа Карапалевски и Георгиевски.