Денес својот 20-ти роденден го прославува крилото на ЖРК Вардар и македонска репрезентативка Сара Миновска. Станува збор за квалитетен крилен играч, одлична ракометарка која игра во два правци со изразито голема вештина и ракометна интелигенција. Заменик капитенот на црвено-црните имаше одлична сезона во мак.ракометот, треба да потсетиме дека и на репрезентативен план има „процут“ во нејзината кариера. На младинскиот ЕХФ шампионт беше избрана минатото лето за најдобро крило, а потоа почна да добива повици и да бележи настапи за А-селекцијата.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН САРА!