Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Васоски: Задоволен сум од подготовките, освен од прекините на дуелите поради дождот
Васоски:  Задоволен сум од подготовките, освен од прекините на дуелите поради дождот

Васоски: Задоволен сум од подготовките, освен од прекините на дуелите поради дождот

Подготовките на Вардар во Словенија се во завршна фаза,  момците тренираат под полна пареа, но за жал, немаат среќа со контролните дуели. Од трите досегашни  пријателски средби, две поради дожд не го дочекаа својот крај. Тренерот Александар Васоски токму тоа го потенцира како единствен недостаток на подготовките во Словенија.

Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред.

ФК Вардар одигра едно полувреме од  натпреварот со Ал Аин, светскиот вицепрвак за истиот тренерот на црвено-црните вели:

Бевме подобар противник, имавме три стонастотни шанси во првиот дел, но за жал се одигра само едно полувреме. Задоволен сум од тоа како одигравме во тие 45 минути особено по порзот од Горица, и бевме блиску до водство. Меѓутоа ете, натпреварот не се одигра и тоа е на некој начин хендикеп за нас. Се надевам дека на следните два меча ќе биде се во ред.