Селекторот на женската кадетска репрезентација, го направи последното кратење на списокот на репрезентацијата пред заминувањето во Италија. На списокот од 17 ракометари со кои Македонија ќе настапи на претстојниот кадетски шампионат во Италија доминираат вардарки. Дури 11 имиња од црвено-црниот тим или 65%.
Како што вчера ве известивме заминувањето ќе биде на 1.август, наутро, прв дуел за црвено-жолтите кадетки ни е средбата со домаќинот. Истата се игра на 4.август, со почеток во 20-00 часот.
СПИСОК:
Сара Миновска, Ана Марија Коларовска, Мирјана Петковска, Ивана Џатевска, Андреа Седлоска, Симона Грујоска, Катерина Дамјаноска, Ангела Костовиќ. Јована Трајковска, Ангела Гроздановска, Стефанија Ѓоргиевска ( Вардар), Марија Петреска (Стружанка), Анастасија Белевска, Ангела Јанкуловска (Пелистер), Мила Ѓоргиевска, Михаела Стојановска (Металург), Марија Јовановска (Куманово)