Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Висока победа за момците на Будимир и Станковски со Металург, кадетите на Вардар триумфираа со 26 разлика
Висока победа за момците на Будимир и Станковски со Металург, кадетите на Вардар триумфираа со 26 разлика

Висока победа за момците на Будимир и Станковски со Металург, кадетите на Вардар триумфираа со 26 разлика

Вардар Јуниор во кадетсата лига ја пречека екипата на Металург-2, на дуелот во Јане Сандански избраниците на Будимир и Станковски лесно се справија со ривалот. Вардаровите момци победија со резултат  43-17.

b7
Мечот на почетокот започна рамноправно, двата тима влегоа борбено беше 3-3 по 8-9.минути ракомет. Потоа црвено-црните момци ја заиграа својата игра влегоа во ритам во одбраната, на нашиот гол Стојкоски фати два зицера. Успеавме да направиме серија 5-0 па во 13.минута поведовме со 8-3 со погодокот на Србиновски. Веднаш клупата на сино-белите побара минута одмор за консултации и прекинување на нашиот налет. Ривалот успеа да се стабилизира да влезе во игра гол за гол, намали во последните 10.минути влеговме со резултат 12-8. Во поголем дел од втората половина на ова полувреме бевме без играчи во поле поради исклучувања. Нововлезениот голман, Ангеловски впиша 2-3 одбрани, имавме неколку контри тоа ни овозможи преку Србиновски првпат да отидеме на двоцифрена предност во 28.минута, тој погоди за 18-8. Дуелот на полувреме заврши со резултат 19-9.

b5 b3 b2
На крилјата на двојната одбрана на Стојкоски успеавме по 3.минути игра првпат да поведеме и со 12 голови, за 22-10 погоди Србиновски. Првпат имавме 15.гола предност во 42.минута кога кога погоди Благој Димчевски за 27-12, направивме предност благодарение пред се на одбраните на нововлезениот Бане Трифуновски кој цели 7.минути беше несовладан. Во следните пет минути двата тима погодија по четири пати во противничките мрежи за резултат 31-16. Потоа напраивме серија 5-1 со која поведовме со 35-17, од овие пет гола дури три беа дело на пикерот Димчевски. Веќе се беше решено, до крајот остана отворено само едно прашање колкава ќе биде разликата по 60-тата минута. Конечните 43-17 ги постави Атанасовски Филип по една брза контра на 20.секунди до крајот.

b1

Савревски и Чакалиќ беа први стрелци со по седум гола, Димчевски и Пешевски имаа по шест погодоци,  а Србиновски стрелаше умешно четири пати.