Фудбалскиот клуб Вардар добива и женска екипа. Новоформираниот тим ќе стартува во Втората женска македонска лига, со амбиција брзо да се префрли меѓу најдобрите.
„На задоволство на сите љубители на фудбалот во Скопје и цела Македонија со особена чест и гордост сакаме да го објавиме новоформираниот ЖФК ВАРДАР, кој ќе носи нови успеси по патеките на женскиот фудбал. Отвараме нова приказна, нов женски фудбалски клуб “ЖФК ВАРДАР”“, се вели во соопштението на клубот кој врши и упис на нови девојчиња.