Денес во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ тимот на ЖРК Вардар во рамки на 6.коло од сезоната 2020/2021 ја пречека екипата на Овче Поле. Сосема очекувано во мечот во кој девојките на Ристова Драгана и Царчев Александар влегоа како убедливи фаворити дојдовме до победа со високи 40:19.
Дуелот започна со наша доминација и рано резултатско одлепување , ние се одлепивме на високи 6:0. На одмор заминавме со двоцифрена предост за нас. Нашите дами водеа со 20-9 за време на паузата. Во вториот дел од минута во минута ја зголемувавме предноста. Па победата дојде со 21.гол повеќе, односно 40:19.
Миновска повторно беше најдобар стрелец со 8 гола, таа погодуваше со 100% ефикасност, од 8 удара имаше 8 гола. Јаковчевска постигна 6 гола колку и Дамјановска, Фани Ѓорѓиевска даде 5гола.
Трајкоска Јована повторно на ниво имаше 47% сопрени топки (7/15), а Илиќ имаше 42% (8/19).
Со победата над тимот од Свети Николе ние по 5.кола имаме максимални 15.бода, единствено 100% ефект во лигата имаат и Маталург и Куманово кои имаат одиграно едно коло повеќе.