Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Повикани се 14 вардарки за собирот на црвено-жолтите кадетки
Повикани се 14 вардарки за собирот на  црвено-жолтите кадетки

Повикани се 14 вардарки за собирот на црвено-жолтите кадетки

Селекторот на женската репрезентација на Македонија во кадетска конкуренција, Владимир Пановски утре ги собира ракометарките од кои ќе треба да го одбере најдоброто за ЕХФ-шампионатот. Пановски првпат ја собира оваа генерација во која се наоѓаат ракометарки родени во 2002 година и помали.

Тој се одлучи да повика вкупно 32 ракометарки и од нив ќе има можност да ги избере најдобрите 16. Ова е прв собир пред ЕХФ-шампионатот кој се одржува во Италија од 3 до 11 август. Македонија е во групата Б, а таму се и селекциите на Полска, Белорусија, Азербејџан и домаќинот Италија. Во другата група се: Чешка, Турција, Исланд, Косово и Израел.

Од Вардар дури 14 девојки конкурираат за утрешниот собир.

kadetki-1