Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Блиц интервју! Со Грујовска, Илиќ и Трајкоска, голманите на ЖРК Вардар
Блиц интервју! Со Грујовска, Илиќ и Трајкоска, голманите на ЖРК Вардар

Блиц интервју! Со Грујовска, Илиќ и Трајкоска, голманите на ЖРК Вардар

Вардар фанс по интервјуата со блиц прашања со голманите на РК Вардар, Кизиќ и капитенот на фудбалскиот тим „чуварот на мрежата“ Гачевски продолжува со сериjалот. Следни се трите голманки на ЖРК Вардар, пуленките на Царчев: Трајкоска, Грујовска и Илиќ. Девојките добија по 20.прашања поврзани со спортот, но и со некои нивни други афинитети, желби и  животни ситуации.

999999999999999999

Во продолжение дознајте повеќе за вардаровото голманско трио. Колку се успешни девојките кои се „производ“ на ракометниот стручњак, Царчев Александар зборува и фактот што сите три се македонски репрезентативки и сите три имаат награда за најдобар голман, во пионерска, кадетска и сениорска конкуренција.

90777187_236673050857847_6202178821215485952_n

Симона Грујовска е  најмлада од ова трио,  таа е македонска кадетска репрезентативка, девојка која го има единствената сениорска награда во тимот. Избрана за најдобар голман на Купот на РМ, каде во финалето дојде до неверојатни 17 одбрани. Одлично ја започна пролетва со 22.одбрани беше прва по учинок во тимот пред паузата. Девојка која секогаш предничи во статистичките податоци, голем потенцијал на црвено-црниот тим, исто така единствена од триото која беше на сениорски собир на македонската женска ракометна селекција.  Нејзиниот талент еволуираше низ времето  во квалитет, таа е постојана, сигурна и успешна голманка. Поседува одлична техника со нозе што е заштитен знак за нејзе и голема фокусираност при интервенциите со раце. Чувар на мрежата пред која очигледно се големи работи, постојано со труд и преданост напредува.

 ВИДЕО->

1. Опишете го со два збора вашиот прв ракометен тренинг?

-Возбуда и радост

2. Најсреќен момент во 2019 година?

-Купот на Македонија

3. Дали имате трема пред ракометен натпревар?

-Понекогаш, но позитивна

4. Што најмногу сакате да правите во слободно време?

-Да спијам или да се дружам со семејството

5. Кој е вашиот омилен филм?

-She’s a man

6. Во кои спортови или танци се имате испробано?

-Пливање, балет и одбојка

7. Најубав подарок кој го имате добиено?

-Сите подароци кои се од срце се за мене подеднакво убави и посебни

8. Кој е ваша најголема поддршка?

-Дефинитивно моето семејство

90892309_289919201980336_5726105129795452928_n

9. Какво е чувството кога ве прогласија за најдобар сениорски голман?

- Бев многу среќна, но и изненадена

10. Најголемата лудост која ја имате направено?

-Па не е некоја голема лудост, но како мала сама се удирав и го кривев брат ми за да го караат мама и тато

11. Што е потребно да се биде добар голман?

-Упорност, напорна работа, интелегенција, талент и среќа

12. Омилен пијалок

-Фанта

13. Омилена дестинација/земја на патување ?

-Иако не сум била, сакам да ја посетам Шпанија

14. Како е да се работи со Царчев?

-Совршено. Секогаш е позитивен и полн со желба за тренинг и пренесување на неговото знаење.

15.Набројте три омилени предмети во училиште?

-Математика , физика и спорт

16. Што е потешко за одбрана пенал или „очи во очи“?

-Очи во очи

17. Доколку се најдете на пуст остров, кои три работи би ги понеле?

-Семејството, пријателите и многу храна

18.Да не е ракомет со кој спорт би се занимавала Симона?

-Најверојатно со кошарка бидејќи многу сакам да играм

19.Лето или зима?

-Лето, но многу ги сакам зимските празници

20. За крај, желба или некоја цел која Грујовска сака да ја исполни во иднина ?

-Мојата цел е да играм во Лигата на шампионите, а желба ми е да бидам среќна и исполнета со љубов. 

joci

Јована Трајкоска девојка со најдолг стаж во тимот на Вардар, која ги мина сите категории од пионерска до сениорска лига. Исто така кадетска репрезентативка на Македонија, носител на признанието најдобар голман од пионерскиот завршен турнир кога Вардар го прекина владеењето на Металург. Млада и надежна голманка, перспективен чувар на мрежата, која постојано го дига левелот од сезона во сезона. Одлично ја започна и оваа ракометна пролет пред прекинот, таа на три меча имаше втор скор од голманките со дури 19.одбрани зад своето име на овие натпревари кои се зад нас, за жал прекинот на првенството ја сопра нејзината добра пролетна партија. Трајкоска е голем потенцијал од кој допрва се очекува добри партии.

ВИДЕО->

1. Да не е ракомет со кој спорт би се занимавала Јоци?

-Веројатно кошарка,често играм во слободно време покрај ракометот.

2. Каде би сакале вашиот ракометен пат да ве однесе за пола деценија?

-Немам посебна желб,а но секако да заиграм во Лигата на шампионите.

3. Најголем личен и тимски успех во вашата кариера?

-Секој меч  каде имам голем процент на одбранети удари го сметам за личен успех како и на целиот тим. Најголеми успеси би ги издвоила многуте турнири на кои сме го освоиле првото место како и 2рото место во Купот.

4. Што е потребно да се биде добар голман?

-Интелегенција и концентрација

5. Ваше омилено место за летување?

-Ух, многу ги има.

6. Омилена дестинација/земја на патување ?

-Германија

7.Најубав подарок кој го имате добиено

-Не можам да издвојам. Имам добиено многу убави подароци.

8. Од што најмногу имате страв/се плашите?

-Цунами

9.Ваш ракометен идол?

- Арпад Штербик

10. Со кој најмногу се дружите од екипата?

-Со сите девојки

joci2

11. Опиши го со 3 збора чувството кога зема пионерска награда за најдобар голман?

-Неверојатно,среќно и гордо

12. Омилен пијалок?

-Лимонада

13. Опишете го со три збора вашиот тим?

-Храбри, борбени и победници

14. Што значи името Вардар за вас ?

-Еден голем врвен клуб, во кој ми е чест и задоволство што сум во него.

15. Кога не играте и гледате ракомет, кој друг спорт имате желба да го гледате?

-Кошарка

16. Твое видување од досегашните успеси на целата екипа?

-Задоволна сум од успесите иако секогаш може подобро. Сепак со работа и труд се стремиме кон најдобри резултати

17. Омилена серија или филм?

-Ги има многу.

18. Летување или зимување?

-Двете

19. Како е да се работи со Цаки?

- Одлично. Целосно ни го прикажува неговото знаење и благодарејки на него секогаш сме спремни да експлодираме со одбрани. Секогаш не мотивира и не подготвува за секој можен предизвик.

20. Како Јоци ја одржува формата за време на овој прекин поради пандемијата?

-Со вежби дома и здраво хранење.

ilic

Андреа  Илиќ е највозрасната од ова трио, таа е младинска репрезентативка на  Република Македонија. Покрај тоа зад своето име го има признанието најдобар кадетски голман во Македонија. Станува збор за девојка од спортско голманско семејство, нејзин татко е тренерот на голмани во ФК Вардар, Саша Илиќ нејзиниот брат Филип е голман во сениорскиот тим на црено-црните и со Гачевски го сочинуваат голманското дуо на лидерот на табелата. Генетиката ја предродила за „чувар на мрежата“,  таа успешно плива во голманските води, станува збор  талентирана и квалитетна голманка.

ВИДЕО->

1. Најсреќен момент во 2019 година на ракометен план? 

-Освојување второ место во Купот на Македонија

2. Омилено домашно милениче ?

-Немам

3.  Што е потешко за одбрана пенал или „очи во очи“?

-Очи во очи

4. Како е да се работи со Царчев

-Одлично. Целосно ни го пренесува своето знаење, секогаш има позитивна атмосфера на тренинзите.

5.Дали имате трема пред ракометен натпревар ?

-Понекогаш, позитивна трема

6.Со кого највеќе се дружите од тимот?

-Најмногу со Милица Николиќ

7.Најубав подарок кој го имате добиено?

-Не би можела да издвојам

8. Дома покрај вас имате два голмана, предност или потешкотија?

-Голема предност, дефинитивно

9. Опишете го со три збора вашиот тим?

-Храбар, борбен и мотивиран

10. Најголемата лудост која ја имате направено?

-Има многу навистина

11.Какво е чуството да се брани за Македонија?

-Прекрасно

12. Што најмногу сакате да правите во слободно време?

-Да спијам

ilic2

13. Ракометен идол?

-Лејно

14. Омилено јадење?

-Пица

15. Доколку се најдете на пуст остров, кои три работи би ги понеле?

-Телефон, многу храна и книга

16. Од што најмногу имате страв/се плашите?

-Змии

17.Кога не играте и гледате ракомет, кој друг спорт имате желба да го гледате?

-Најчесто гледам фудбал

18.Најголема, неостварен жалба во животот?

-Да заиграм во Лига на шампиони, исто така и на Европско и Светско првенство

19. Каде би сакале во странство да биде вашиот иден ангаржман, во која земја Илиќ сака да настапува како сениорка?

-Немам некоја желба, за мене најбитно е да имам добра минутажа

20. Како се справувате со ситуацијава поради корона вирусов, со оглед дека немате тренинзи, како ја одржувате формата?

-Заедно со брат ми, кој е  голман на ФК Вардар, тренираме и ја одржуваме формата