Својот 61-ви роденден, денес го прославува поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега прв тренер на женскиот тим Александар Царчев.
Своето ракометно знаење несебично го пренесуваше и ќе го пренесува на младите вардарови голмани кои се иднината на црвено-црниот тим. Од оваа сезона по краткиот аражман во странство се врати како прв тренер на црвено-црните дами. Интересен факт е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од животот и кариерата.
Редакцијата на Вардар фанс му го честита роденденот на Александар Царчев и му посакува успешност во кариерата и животот.