Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар во чекор го следи Куманово на врвот на табелата, денес висока победа над РК Кузман со 40 гола повеќе
Вардар во чекор го следи Куманово на врвот на табелата, денес  висока победа над РК Кузман со 40 гола повеќе

Вардар во чекор го следи Куманово на врвот на табелата, денес висока победа над РК Кузман со 40 гола повеќе

ЖРК Вардар имаше лесна задача со РК Кузман, денес победивме со 40.гола повеќе од ривалот односно со резултат 52-12. По седум одиграни меча имаме седум победи и 21.бода, ние сме единствени покрај Куманово со максимален ефект во лигата.

a4
Ривалот парираше се до 5.минута кога на четири наши гола успеа да врати со два, па на семафорот стоеше 4-2 по пет минути ракомет. Започна нашата серија и доминација со голот на Костовиќ Ангела, ние ги затворивме сите приоди кон нашиот гол, неколку одбрани имаше и Илиќ. До 16.минута имавме серија 9-0, погодуваа од контри Диневска, Миновска, која и асистираше неколку топки до Јаковчевска, со која поведовме со 13-2, потоа Кузмановска Александра побара тајм-аут за гостинот. Ристова во игра ги уфрли од клупата Стефаноска која повторно покажа зрелост за сениорски ракомет, Тошевска, Дамјановска и Попова кои го задржаа ритамот. На одмор заминавме со 20.гола повеќе, на погодокот за 25-5 го постигна Катерина Дамјаноска на 34.секуди до крајот на овој период.

a3
Вториот дел започна во знак на Грујовска на нашиот гол и Буразер на противничкиот, двата тима не реализираа по три напада на стартот. Потоа започна нашата доминација, Галевска ја разигра играта во поле. Ние со пет гола поведовме со 30-5, Грујовска беше совладана прв пат дури во 9.минута од овој период. Доминиравме, одбраната беше супериорна, Грујовска одлична, во напад казнувавме па на 10.минути до крајот водевме со 43-7. Се беше веќе решено, само прашањето со колкава разлика ќе забележиме триумф беше отворено на овој дуел. Победата дојде со резултат 52-12 со голот кој на 45.секудни до крајот го постигна Цветковска, односно со 40.позитива за црвено-црните девојки.

a

Најперфектна од ракометарките беше Миновска Сара која погоди 6.пати од исто толку обиди, воедно имаше 4-5 одлични асистенции пред се до Јаковчевска во контрите, исти број голови имаше и Џатевска Ивана со само едно промашување. По 5.гола имаа капитенот Диневска Бојана која имаше 100% „стрелба“, исто така „5ки“ имаа Трпевска Ивона и Михаела Лазаровска. Ива Јаковчевска и Катерина Дамјаноска погодија по 4.пати, три гола имаа Галевска Марија, Сара Стојановска и денес одличната Сања Цветковска.

Голманите на Вардар имаа одличен процент, двете имаа близу 60% одбрането топки. Грујовска Симона дојде до 9.интервенции, Илиќ Андреа сопра 7.удара на ривалот.