Нашиот шампион, екипата на Жрк Вардар од следната сезона ќе биде посилен за уште една квалитетна ракометарка. Сања Дамнјановиќ е новата еквизиција на господинот Сергеј Самсоненко, кој е решен следната сезона да ја донесе првата Европска титула за клубот.
Дамнјановиќ е веќе докажана врвна ракометарка и се смета за една од најдобрите леви бекови во светот. Последните две години ги помина во Данското првенство, во екипата на Виборг. Изминатава натпреварувачка сезона беше една од најдобрите за неа, откако успеа да постигне 45 погодоци во Лигата на Шампионите. Виборг во четврт-финалето беше елиминиран од сега веќе актуелниот Европски првак, екипата на Будуќност. Само во сезоната 2012/2013 има постигнато повеќе голови и тоа во дресот на Подравка, вкупно 50 зад нејзиното име. Дамнјановиќ има многу слични предиспозиции со уште една наша ракометарка која игра на истата позиција и која беше најдобар стрелец за Жрк Вардар. Страшна ќе биде конкуренцијата на таа лева страна, каде се наоѓа и одличната Андреа Пенезиќ, но и младата и перспективна Алена Ихнева. Покрај во нападот, може подеднакво добро да одговори и на одмбранбените задачи.
Дамнјановиќ е незаменлива и во Србската репрезентација, каде заедно со Лекиќ и Цвијиќ се моторот на оваа селекција. Токму Сања и Андреа заедно ја започнуваат кариерата во Жрк Раднички. Има настапувано во својата кариера и за екипите на Крим Меркатор, Зајечар и Подравка. Од следната сезона ќе ја гледаме во црвено-црниот дрес, на кој се обврза да го носи во следните две години. Дамнјановиќ кажа во едно интервју, дека најголемата причина за нејзиното доагање се Шампионските амбиции на клубот, кој ги покажувал и во изминативе две сезони. Вардарки ќе се обидат да одат чекор понапред од претходните освоени трети места и да се најдат на тронот на Европа.