Овој викенд продолжуваат возбудувањата кај младите ракометни категории. Избраничките на Платон и Папуџиева играат кадетски квалификациски турнир. Кадетскиот тим на ЖРК Вардар е во групата-Г со тимовите на Јехона, Аеродром и Ѓорче Петров. Победникот на оваа група игра на Ф-4 завршниот турнир каде во полуфиналето вкрстува со групата „А“ , каде ќе се напреваруваат тимовите на: Пелистер, Феникс, Кале Кичево, Стружанка и РК САНИ.
Црвено-црните дами повторно ќе го играат својот турнир во салата во Ново Село каде што го одиграа и младинскиот турнир. Денес не очекува дуел со тимот од Гостивар екипата на РК Јехона, истиот е закажан со почеток во 13-00 часот.