Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес, Жрк Вардар ќе одигра контролен натпревар со Ростов Дон
Денес, Жрк Вардар ќе одигра контролен натпревар со Ростов Дон

Денес, Жрк Вардар ќе одигра контролен натпревар со Ростов Дон

Како увертира на женскиот дел од “Вардар турнирот“ , денес во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, Жрк Вардар ќе одигра контролен натпревар со Ростов Дон. Истава екипа ни беше противник на “Букурешт трофеј“, каде ги совладевме во борбата за третото место. Резултатот беше 33:27 во наша корист.

Инаку Ростов ќе учествува на турнирот, кој го организира нашиот шампион и ќе биде во група заедно со Будуќност и Савехоф. Женскиот дел од турнирот ќе се игра во периодот од 29 август-1 септември. Очекуваме многу подобра игра од нашата екипа, од претходните подготвителни мечеви. Токму “Вардар турнирот“ ќе биде вистински тест за вистинската форма на екипата.