Традиционално секоја година реномираниот ракометен портал “Балкан Хандбал“ врши избор на идеалниот тим на најдобрите за 2016 година, на просторите на Балканот. Ракометните новинари ги номинираа играчите на своите позиции за кои можете да гласате. Вкупно девет играчи на женскиот ракометен клуб Вардар се најдоа во овој избор.
Во изборот за најдобар голман е номинирана Амандин Лејно. Сираба Дембеле и идната Вардарка, Тамара Мавсар ќе се борат да бидат најдобри на позицијата лево крило. Две ракометарки од нашиот женски шампион се најдоа во изборот на позицијата лев бек. Тоа се Андреа Пенезиќ и Сања Дамњановиќ. Во изборот за најдобар среден бек се најде Андреа Лекиќ. Барбара Лазовиќ и Андреа Кликовац се најдоа во потесниот избор за најдобар десен бек. За најдобро десно крило на Балканот ќе се бори Јованка Радичевиќ, додека на пикерската позиција ќе може да гласате за Ања Алтхаус.
За сите наши споменати ракометарки, можете да гласате на следниов линк ТУКА.