Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 13.коло! Куманово лидер, Металург ќе „зимува“ како втор, Вардар на пауза на „бронзената позиција“
Преглед 13.коло! Куманово лидер, Металург ќе „зимува“ како втор, Вардар на пауза на „бронзената позиција“

Преглед 13.коло! Куманово лидер, Металург ќе „зимува“ како втор, Вардар на пауза на „бронзената позиција“

Викендов се одигра 13-тото, воедно и последно (некомплетно) есенско коло во женската сениорска Скопско ракометна лига.  Очекувано триото на врвот: Куманово, Металург и Вардар дојдоа до лесни победи со голема разлика. Вардарки лесно на домашен терен се справија со тимот кој игра прва сезона во сениорската конкуренција, Алушовски беше рамноправен само до 4:4 потоа следеше наша тотална доминација и победа со 30 гола предност. Она што нас ни оди во прилог е тоа што Чаир повторно загуби, Стружанка како гостин го совлада тимот кој беше во борба со нас за позицијата број три.  Останува за доигрување само еден меч од есенскиот дел, Ѓорче-Деспина кој ќе се игра денес.

zrk2

Ситуацијата на табелата е јасна, Куманово со 100% ефект издоминира оваа полусезона и заминува на одмор како „Есенски првак“.  Сино-белите дами од Автокомнда се втори со само еден пораз од лидерот, ние ќе „презимиме“ како третопласирани што е одлично бидејќи имавме кризен период кога наредивме три порази од четири меча како гостин. Стpужанка има исти ефект како нас, тие во вториот дел од есента беа перфектни, сепак голема предност имаат дамите на Ристова, Црвенковска и Царчев во однос на овој тим бидејќи ги совладавме во гости и на пролет ги чекаме во Јане Сандански.